Ја откривме тајната на овој вирус, први сме со можен лек-хрватски биохемичар дел од тимот што ја откри Ахиловата пета на Ковид-19

„ Многу сме возбудени бидејќи ја откривме тајната на овој вирус, рече угледниот хрватски научник, професор на Универзитетот Гете и директор на Институтот за биохемија во Франкфурт, Иван Џикиќ за најновото откритите врзано за коронавирусот до кое дошле заедно со неговиот тим.“

Џикиќ во ексклузивно интервју за Дневникот на хрватската Нова ТВ објасни дека неговиот тим открил ензими кои се неопходни за животот и ширењето на вирусот.

„ Пронајдовме хемиски инхибитори со кои можеме целно да го уништиме и да добиеме двојна терапија-од една страна го уништуваме вирусот во човечките клетки, а од друга страна клетките поттикнуваат антивирусен одговор така што ги уништуваат и оние вируси кои сеуште се шрисутни во организмот., објасни Џикиќ.“

Преземено од republika.mk
Треба да знаете
Последни објави