Холивудскиот шармер Џорџ Клуни, кој е добитник на три Златни глобуси, два Оскара и на Наградата за животно дело, го прослави својот 59. роденден на 7 мај.
Тој го прослави својот роденден во Малибу, Калифорнија, во друштво на неговата сопруга, британско-либанската адвокатка Амал Клуни (42).
Папараците го фотографирале познатиот актер пред вилата на Синди Крафорд во Лос Анџелес додека разговара со нејзиниот сопруг Ренди Гербер и неколку други пријатели во групата.
Се чини дека холивудскиот актер решил да го прослави својот роденден во куќата на плажа на најпопуларниот модел на деведесеттите години, затоа што тој со години е најдобар пријател на нејзиниот сопруг Ренди, па затоа сите решиле да се релаксираат малку по пандемијата на коронавирусот.
Клуни во таа пригода беше во опуштено издание и носеше фармерки и црна маица, како и „рејбан“ очила за сонце на лицето. Иако фотографијата не е кристално јасна, може да се види дека актерот бил расположен и дека се насмевнува.
И во септември 2019 година, славната двојка Клуни исто така ја прослави својата годишнина со своите пријатели Крафорд и Гербер.