Повеќе од илјада сиромашни работници и илегални мигранти во Женева чекаат ред уште од раните утрински часови да добијат помош од државата во форма на пакувања со храна.
Редицата, долга еден километар, започна да се формира уште во пет часот утрово пред местото каде волонтерите им поделија околу 1.500 пакувања храна на најсиромашните граѓани на Женева, кои беа најтешко погодени од епидемијата.
Според „Каритас”, во 2018 година, околу 660.000 луѓе во Швајцарија се регистрирани како сиромашни, а повеќето од нив биле самохрани родители и луѓе со ниско ниво на образование кои, откако изгубиле работа, имаат потешкотии да најдат друга. Во истата година, 1,1 милиони луѓе беа изложени на ризик од сиромаштија, со приходи под 60 проценти од просекот.
Патрик Виланд од „Доктори без граници” рече дека минатонеделно истражување во Женева покажало дека околу половина од оние кои примале помош во храна немаат легален статус во земјата, додека другата половина се државјани или баратели на азил.