Седум лица загинаа во протест во Авганистан, кој беше организиран заради наводна нееднаква распределба на храна за време на епидемијата, откако полицијата отвори оган, објави Гардијан.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата Гор изјави дека околу 300 луѓе учествувале на протестот.
Демонстрантите тврдат дека при распределбата на храна, приоритет им се дава на лицата со политички врски, а портпаролот ги отфрли овие обвиненија како неточни.
Тој за „Ројтерс“ изјави дека полицијата отворила оган откако неколку демонстранти почнале да пукаат и да фрлаат камења обидувајќи се да влезат во куќата на гувернерот.