Во изминатите 24 часа во Грција од Ковид-19 почина уште едно лице, а регистрирани се 19 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.
Бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.710, а бројот на починати на 151 лице.
Како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, приклучени на апарати се хоспитализирани 28 лица, а од одделите за интензивна нега отпуштени се 86 пациенти.
Досега, анализирани се вкупноа 97.384 примероци.