Роналдо ги именуваше петте играчи кои според него требаше да ја добијат Златната топка

Поранешниот бразилски напаѓач Роналдо именува пет играчи кои заслужија да ја добијат „Златната топка”, но не ја освоија наградата.

– Јас би рекол дека има четири играчи кои не ја освоија Златната топка, а требаше да ја поседуваат. Тоа се Алесандро Дел Пјеро, Паоло Малдини, Франческо Тоти и Раул.

Исто така, на оваа листа би го додал и Роберто Карлос, кој беше двапати втор зад мене, изјави Роналдо на Инстаграм во живо во разговор со Дел Пјеро.

Роналдо двапати ја доби Златната топка: во 1997 и во 2002 година.

Треба да знаете
Последни објави