Славниот актер Арнолд Шварценегер (72) се огласи на Инстаграм на оригинален начин и ги насмеа следбениците ширум светот. Популарниот Терминатор покажа како да се направи совршена шпага, сепак, на оние кои обрнаа внимание, веднаш им беше јасно дека нешто не е во ред.
Шварценегер зборуваше за важноста на редовниот тренинг, потенцирајќи дека, покрај тежината, многу е важно телото да биде флексибилно. Сепак …
Flexibility is as important as the pump. pic.twitter.com/RxO6z7WTQf
— Arnold (@Schwarzenegger) May 7, 2020
Симпатичната шега не ги спречи фановите на Шварценегер да изразат восхит на неговите физички способности во оваа пригода. Меѓу другите, се огласи и „вечниот ривал“, Силвестер Сталоне, кој напиша:
– Многу импресивно. Човек од гума.