Во Словачка во претходното деноноие не е евидентиран ниту еден нов случај на заразен со коронавирус, што е првпат по 10 март, покажуваат владините податоци.
Во таа централноевропска држава со 5,5 милиони жители, со новиот коронавирус заразени беа 1455 лица, од кои 26 пациенти починаа, а досега оздравеја 919 граѓани.
Во средата, Владата повторно ги отвори сите продавници кои се надвор од трговските центри, како и хотелите, музеите, галериите и туристичките атракции на отворено и дозволи одржување верски служби и венчавки со ограничен број гости.
Сепак, училиштата и натаму се зтаворени, а не е можно ниту патување надвор од границите. Сите кои од странство доаѓаат во Словачка мора да минат 14 дена во државен карантин.