Мазда бара заем од големите јапонски банки

Јапонскиот производител на автомобили „Мазда” бара заем во висина од 2,8 милијарди американски долари од најголемите банки во земјата, поради намалената продажба како резултат на пандемијата на вирусот Ковид-219.

Агенцијата Кјодо наведува дека продажбата на автомобили на „Мазда” во Северна Америка и Европа, нејзините главни пазари, опаднала, а производството во погоните во Јапонија и другите земји е стопирано.

Поради пандемијата, „Мазда” го намали производството за 130.000 возила, што е речиси 10 отсто од годишната продажба.

Другите јапонски производители на автомобили, како што се Тојота, Нисан и Митцубиши, исто така побарале помош во вид на заем, пренесува Кјодо

Треба да знаете
Последни објави