Една година по огромниот евровизиски успех на “PROUD”, Роберт Билбилов и Тамара Тодевска ја изненадија македонската публика со нивниот нов дует за песната “Светот е”.
“Ова е песна за една безвременска љубов, таква љубов каква што сите ние посакуваме. Можеби во последните неколку недели нашите животи се променија и живееме во еден нов и поинаков свет, но музиката сеуште ја има моќта да не обедини сите. ” изјави Роберт Билбилов.
“Светот е” е авторско дело на Роберт Билбилов а режисер на спотот е Зоран Зонде Стојановски.