Премиерот, Олилвер Спасовски, денеска изјави дека изборите ќе се одржат, а на лидерската средба во вротник на 12 мај ќе стане збор за датумот, кој сепак ќе зависи од развојот на кризата со коронавирусот.
Оваа одлука, како што истакна Спасовски, пред се ќе се базира на интересите на државата и на граѓаните, и ќе биде детерминирана од развојот на здравствената криза, а не од политичките интереси.
Спасовски одговарајќи на новинарски прашања истакна дека одлуката за датумот на изборите, ќе треба да се донесе врз основа на стручните анализи на Комисијата за заразни болести.
„Не знам дали јуни е идеално време за да се одржат парламентарните избори. Сепак, поради најавите дека е можно да се врати оваа криза уште еднаш после септември, мислам дека е неопходно да се одржат што е можно побрзо, имајќи предвид дека на државата и се потребни функционални институции кои ќе можат да носат одлуки за сите прашања кои се во интерес на граѓаните“, посочи Спасовски.