Поранешната раководителка во Агенцијата за вработување и советничка во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Слободанка Алексовска, која моментално е дел од органите на партиската Унија на жени, е женското лице што се слуша на објавените „бомби“ од разговорот меѓу Христијан Мицкоски и веќе осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески Кичеец, пишува Фокус.
Како што велат за Фокус од ВМРО-ДПМНЕ, Алексовска ја организирала и договорила средбата меѓу Мицкоски и Милевски во партиското седиште, од која потекнуваат четирите вчерашни разговори, на кои се слуша како двајцата разговараат за предвремените локални избори во Охрид, кои лани се одржаа заедно со претседателските избори.
Откако си даде оставка од Агенцијата за вработување после промената на власта, Алексовска се вработи во Систина, каде беше раководител на Секторот на човечки ресурси, но, како што не информираа од таму, неодамна била разрешена од позицијата.
Исто така, во Систина извесен период работеше и Милески, кој вчера за А1 он изјави дека дека остварил неколку средби со Мицкоски, но негираше дека тој ги снимал и објавил разговорите.
Фокус неодамна пишуваше дека внатрешната ревизија спроведена во Агенцијата за вработување покажала дека Алексовска набавувала производи за свои лични потреби на сметка на Центарот за вработување – Скопје, каде извесен период беше раководител.