ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за три години ја урниса државата и економијата

Соопштение до јавноста-реакција на соопштението на СДСМ

Македонија за 3 години од власта на Заев доби три години хибриден режим, три години неспособност, криминал и сиромаштија. Македонската економија со владата предводена од СДСМ го допре дното.

Економијата во Република Македонија крахира, а граѓаните се доведени до питачки стап. Единствено што блеска се бизнисите на Заеви. Поради лошото владеење на СДСМ денес имаме буџетската дупка, која што во само првите три месеци е 120 милиони евра, а за цела година истата ќе биде и до 1.3 милијарди.

Додека над 33.000 работници од угостителството се времено отпуштени од работа, додека секое семејство се задолжи за 15.000 денари, оваа криминогена влада стимулира отпуштање на работници и врти милионски суми од криминални тендери.

СДСМ успеа за три години да ја урниса државата и економијата.

Треба да знаете
Последни објави