Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
„Зоран Заев е единствениот политичар во Европа аболиран за криминал. Благодарејќи на СДСМ јавноста можеше да види дека нема ништо инкриминирачки во објавените снимки. Заев е исплашен од пораз.
Граѓаните на Република Македонија знаат кој стои позади милионскиот рекет.
Зоран Заев е тој што го менаџирал и прикривал криминалот. Боки 13 кажа дека Заев го предупредил 20 дена пред наводното пријавување.
Зоран Заев е човек на кој менаџирањето на криминал добро му оди. Тој е градоначалникот кој наплаќаше 2 евра од метар квадратен во вид на мито за легализација на градежно земјиште, нешто кое требал да го прави согласно закон.
Заев е човекот кој 3 години менаџира судски пресуди во државата по принципот „трас – трас“.
Ова е период кога Македонија поради СДСМ е претворена во мочуриште на криминалци. Ќе дојде време многу бргу, барата ќе се избистри и сите оние кои што се во кал сега ќе нема кај да се кријат. Тогаш ќе биде време за одговорност.