Анкета: 51,6 отсто од граѓаните за избори наесен, 21,6 отсто сакаат гласање на лето

Најголемиот дел од граѓаните се подготвени да излезат и да гласаат на претстојните избори, покажува анкетата изработен од агенцијата маркетвижн а спроведена на барање на порталот „МКД. мк“.

Според резултатите од анкетата 64,6 отсто од испитаниците рекле дека ќе гласаат на изборите, додека 14,3 отсто дека ќе ги бојкотираат. Близу 52 отсто од испитаниците сметаат дека изборите треба да се одржат наесен, додека речиси 22 отсто се изјасниле дека се повеќе за изборите во текот на летото.

Истражувањето го мери и рејтингот на партиите и за кого би гласале граѓаните при што за ВМРО ДПМНЕ се изјасниле 14,6 отсто, додека за СДСМ 13 отсто. Меѓу македонското гласачко тело за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,5 отсто, а за СДСМ 14,2 отсто од определените гласачи.

Од албанските партии на најголема поддршка има ДУИ со 4,9 отсто. Од помалите политички партии, анкетата бележи раст на рејтингот на Левица.

Анкетата е спроведена на примерок од 1.200 испитаници телефонски во периодот од 28-ми април до петти мај.

Треба да знаете
Последни објави