Столбот во одбраната на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, рече дека двомесечниот период без фудбал веројатно го натерал него и голем број други играчи да размислат за тоа што следува во животот после фудбалската кариера.
Последниот натпревар на Холанѓанецот беше при испаѓањето од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а тој признава дека овој период му дал можност да размислува за иднината.
– Секако изолацијата ве тера да го вреднувате животот како професионален фудбалер многу повеќе. Тешко е да не бидете на теренот, да не можете да го покажете својот талент и работа. Постои и недостаток на вкусот за победа, тренинг и полнежот пред натпревари, атмосферата на стадионот, сè. Ние поминуваме толку многу време заедно и одеднаш воопшто не се гледаме два месеци. Тоа ве тера да го вреднувате животот многу повеќе. Животот по крајот на фудбалската кариера ќе биде чуден, сигурно. Тешко е за играчите да одлучат да заминат во пензија затоа што се прашуваат што претстои за нив. Постои период на неизвесност за вашата иднина и во моментот до одреден степен тоа се чувствува, затоа што не знаеме што ќе се случи следно, изјави Ван Дајк, цитиран од англиските медиуми.