Поранешниот голман на Челзи и Арсенал, Петр Чех, кажа кој му беше најтежок фудбалер со кој се соочи за време на неговата кариера во Премиер лигата.
– Вејн Руни. На натпреварите со Манчестер јунајтед, бев во готовност секој пат кога ја имаше топката, затоа што беше многу непредвидлив, многу паметен. Можеше да изврши притисок, да се бори, да бега и паметно да шутне кон голот. Вејн би можел да постигне гол од средина на теренот, да се обиде да те совлада, ако премногу излезеш од голот, изјави Чех.