Исплашен од пораз, Мицкоски лаже, не се потребни 60 дена за избори после вонредната состојба

Христијан Мицкоски секојдневно ги потврдува стравовите од изборно соочување.

Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат избори и имаат намера до последен момент да ги држат граѓаните во заложништво само да ја опструираат државата во европските процеси,  во економското закрепнување и во справувањето со здравствената криза.

Последна лага е дека Венецијанската комисија наводно наложила дека државите не смеат да организираат избори ако не се поминати 60 дена по завршување на вонредната состојба.

Оваа класична лага е груб обид на Мицкоски да ги одложува изборите до недоглед. Да ја држи државата во заложништво.

Извештајот на Комисијата започнува со реченицата „Не постои формално правило во меѓународното право кое ќе им забрани на државите да одржуваат избори или референдум дури и за време на вонредна состојба.” Но, овој дел ВМРО ДПМНЕ намерно го изоставува од своите коментари на темата.

Понатаму, извештајот реферира на различни уставни и законски примери од државите за чии законодавста Венецијанската комисија давала мислење, меѓу кои е и Уставот на Грузија. Тој Устав предвидува дека после воена или вонредна состојба нема да се спроведуваат избори пред истек на 60 дена. Но, ВМРО ДПМНЕ знае дека таков е само грузискиот устав.

Нашиот Устав е поинаков и определува дека избори не може да има само за време на вонредна или воена состојба, односно дека за време на воена или вонредна состојба се продолжуваат мандатите на пратениците и на претседателот на државата. Ова воопшто не значи дека постои рок од 60 дена кои треба да поминат од крајот на вонредната до денот на изборите.

Тврдењата на Мицкоски потврдуваат дека тој свесно лаже и се обидува да ја манипулира јавноста затоа што е исплашен поразот што му следува.

Треба да знаете
Последни објави