Италија во изминатите 24 часа забележа најмал број на починати лица од коронавирусот, после два месеци. Поточно најмал број од 9 март па наваму.
Според податоците, во последните 24 часа починаа 165 лица, а регистрирани се 802 новозаразени.
Со денешниот број, сега бројката на жртви достигна 30.560 лица.
Италија веќе 28-ми ден бележи пад по бројот на хоспитализирани лица. На интензивна нега до денеска се 1.027 пациенти, седум помалку од вчера. Инаку бројот на хоспитализирани изнесува 13.618. Во куќна изолација се повеќе од 68 илјади лица.