Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ
Откако одекна вистината втор ден Мицкоски се крие. Се уште се нема пријавено во Шутка, иако самиот најави дека сам ќе се појави ако се појават докази за поврзаност со Кичеец.
Мицкоски не само што бил поврзан, туку имал средби и плодна соработка со Кичеец кој му бил извршител. Ајде Мицкоски што чекаш, зарем ниту еднаш во животот нема да си стоиш на зборот?
Додека се уште се спрема за сопственото пријавување во Шутка Мицкоски треба да каже:
Дали со своите лаги сакаше да ја сокрие неговата поврзаност со Кичеец и Орце Камчев? Или поврзаноста со случајот „Рекет”? Дали на средбата со Кичеец од која искочија снимки договаравте и други работи? Мицкоски е фатен жив во сопствените лаги и никој и ништо не може да му помогне да се ослободи од нив. Сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за случајот познат како „Рекет” се потопени. Сега е јасно дека овој случај оди токму во овој криминален дворец зад мене.