Нив Кемпбел е подготвена да ја повтори улогата на Сидни Прескот во новото петто по ред продолжение на хорор серијалот „Врисок“ но призна дека проектот во моментот е во мирување поради пандемијата на коронавирус.
46-годишната актерка во интерву за „Ентертејнмент тунајт“ изјави дека разговорите се во тек.
„Не бев сигурна дека ќе се случи но ми пристапија пред шест недели. Тајмингот очигледно не е баш најдобар имајќи ја предвид пандемијата. Почнуваме со разговори, почнавме со преговори, но којзнае како и кога ќе се отворат студијата,“ рече ѕвездата на „Врисок“.