Нови 20 случаи на Ковид 19, оздравеле 24 лица

Дваесет нови случаи на Ковид 19 и  24 оздравени се евидентирани во последното деноноќие, информираат од Министерството за здравство.

Според податоците, оздравените пациенти се регистрирани во Скопје-11, Куманово-10, Тетово-1 и Велес двајца.

Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, потврдени  нови случаи на ковид-19 се во Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.

Во соопштението од Министерството за здравство наведуват дека по завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово и согласно ова последната дистрибуција по градови е: Скопје – 550, активни 132, Куманово – 408, активни 53,  Дебар – 51, активни 0,  Штип-35, активни 2, Прилеп –176, активни 68, Тетово – 110, активни 54, Струга – 67, активни 16, Велес – 107, активни 49, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 9, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –19, активни 5, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка – 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 1, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1,  Виница – 2, активни 0,  Кратово-2, активни 2,  Берово-1, активни 1.

Направените се 275 теста и тоа преку ИЈЗ –185, Ветеринарен факултет -15, Авицена –0, Биотек -32, Филип Втори (Жан Митрев) –2, Систина со PCR метода  -24 и МАНУ -17, а досега во земјата се направени вкупно 19096 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација тројца пациенти.

Во ГОБ „8 Септември” примени се двајца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно шест, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави