Петмина биле приведени по вчерашниот инцидент со пукање кај кањонот Матка, поради расправија за движењето на чамците за туристи кон пештарата. Во тепачката учествувале две групи на сопственици на чамците, меѓу кој и М. Сулејмани, внук на Реисот на ИВЗ.
-На 09.05.2020 во село Глумово и село Рашче биле уапсени С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од Глумово и К.В.(24) од Рашче поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело„насилство“. На 09.05.2020 во 20.20 часот во на СВР Скопје, С.С.(31) од с.Глумово пријавил дека околу 15 часот додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарски дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С. до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е. Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот. По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.