Легендарниот шкотски тренер, Сер Алекс Фергусон беше познато по тоа што важеше за мошне строг тренер.
Познати се неговите конфликти со Дејвид Бекам и бројни звезди кои минале низ Манчестер Јунајтед во неговата ера. Но за тој период постоеле и четири фудбалери кои биле негови миленици и никогаш не го покачил тонот.
Ова го открива легендата на клубот Рајан Гигс кој сподели досега непознат момент за јавноста.
-Еден од нив беше Кантона. Имаше натпревари на кои ништо нема да направи, ни гол, ни асистенција, па дури и не се трошеше во одбрана, но кога сите очекувавме дека Фергусон ќе направи нешто и ќе го истури својот бес, такво нешто немаше. Другите тројца се Брајан Робсон, Рој Кин и Кристијано Роналдо, изјави Гигс.