Французите претпочитаат претпазливост отколку ризично враќање во нормалниот живот

Според анкетата на Ифоп за консултантската фирма „Но Ком” објавена оваа недела, „Ле Паризиен”, 65 отсто од Французите сметаат дека е подобро да се преземат премногу мерки на претпазливост отколку брзо враќање во нормалниот живот што би било ризично во однос на здравјето, јави дописникот на МИА од Париз.

Голем број од анкетираните, дури 58 отсто, сметаат дека најголема закана за Франција сега е економската криза, а 42 отсто епидемијата на коронавирусот. Сепак, 53 отсто од нив првично се загрижени дека тие или нивните најблиски ќе бидат засегнати од вирусот, против 47 отсто кои стравуваат пред сè од последиците од економската криза за нив или нивните најблиски.

Речиси сите испитаници им веруваат на лекарите (95 отсто), во болниците (94 отсто) и на фармацевтите (92 отсто) дека ефикасно да ја извршуваат својата улога. Но, само 33 отсто имаат доверба во владата, 30 отсто во медиумите и 16 отсто на социјалните мрежи. 

Треба да знаете
Последни објави