ВМРО-ДПМНЕ: Нема повеќе маски, цела Македонија го слушна вистинскиот Заев

Соопштение до јавноста- реакција на изјавата на Зоран Заев

 

Нема повеќе маски, цела Македонија го слушна вистинскиот Заев. Сите го знаеме оној човек кој со раката на срце и благ наклон на главаа во очи ги лаже граѓаните, но зад камерите тој го пцуе и дрско го навредува сопствениот народ.

Не постои политичар во светот кој пцуе сопствениот народ и е аболициран за тежок криминал.

Од бомбите јавноста слушна и како под целосна контрола на Заев и во негова служба е ставено рекетарското СЈО.  Во една од снимките тој најавува што натака СЈО ќе прави и како жестоко ќе се справува со неговите политички противници.

Слушнавме и како Заев тргувал со нелегално прислушкуваните материјали раздавајќи ги по луѓе за да уценува политичари.

Македонската јавност доби потврда за едуцираната претпоставка дека граѓанските организации,  и оние финансирани  од СОРОС, како граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се под контрола на Зоран Заев.

Раката на срце и благиот наклон на главата веќе не помагаат, никој повеќе не му верува на Зоран Заев, не му веруваат на човекот кој ги пцуе и навредува, човек кој штом ја отвори устата лаже.

Доаѓа времето за вистинската вистина за Македонија и за ликот и делото на Зоран Заев, а веруваме дека јавноста допрва ќе се шокира од тоа за каков човек станува збор.

Треба да знаете
Последни објави