Мексиканското Министерство за здравство потврди нови 1.938 случаи на коронавирус во саботата, со 193 смртни случаи, а владините модели предвидуваат дека врвот на инфекцијата би можел да биде овој викенд.
Вкупниот број на зболени од ковид-19 во земјата изнесува 33.460 лица, а 3.353 луѓе починале од коронавирус.
Сепак, се препоставува дека реалниот број и во двата случаи е многу поголем заради малиот број на спроведени тестови.