Гејџи го победи Фергусон во спектаклот на УФЦ 

Џастин Гејџи ја оствари најимпресивната победа во кариерата, со што стави крај на рекордната серија од 12 победи на Тони Фергусон во лесна категорија и заслужено ја крена привремената титула.

Во главната борба на УФЦ 249 заради пандемијата на коронавирусот одржан без гледачи во Џексонвил, Флорида, тој го победи Тони Фергусон со технички нокаут во 5-тата рунда и ја прекина неговата  низа од12-победи.

Гејџи веќе е прв во ред за борба со шампионот Хабиб Нурмагомедов, откако доминираше во главниот настан на долгоочекуваната гала вечер УФЦ 249. Тони Фергусон од многумина сметаше дека е човекот кој ќе стави крај на владеењето на Хабиб, но изненадувачки или не, тој беше целосно поразен од моќните тупаници и комбинации на Гејџи.

Гејџи веќе има 22 победи и само 2 порази во ММА (5-2 УФЦ), додека Фергусон за прв пат загуби по 8 години и веќе има статистика 25-4 ММА, 15-2 УФЦ.

Френсис Нгану (15-3, 10-2 УФЦ) ја запре победничката низа на Жаирзињо Розенструик (10-1, 4-1 УФЦ).

Во меч кој ќе го даде најверојатниот следениот предизвикувач за титулата во тешка категорија, Камерунецот го нокаутира Суринамецот за само 19 секунди.

Треба да знаете
Последни објави