Кина ја потврди првата зараза со коронавирус во Вухан од 3-ти април

Кинеските здравствени власти потврдија 14 нови случаи на зараза со коронавирусот во саботата на 9-ти мај, што е најголем број од 28-ми април, а меѓу нив е лице заразено во Вухан кој кон крајот на 2019 година беше жариште на пандемијата.

Кина официјално потврди дека во сите нејзини покраини опасноста од зараза со новиот тип коронавирус е со низок ризик, но деновиве дојде до пораст, пишува „Ројтерс“.

Во североисточната покраина Шулан потврдени се 11 заразени случаи, а станува збор за семејства и познаници на жена кој на тестирање на 7-ми мај била позитивна на коронавирусот.

Во градот Вухан, кој беше првото жариште на епидемијата во Кина, се појавил нов случај на заразата, што е првиот регистриран случај од 3-ти април. Според здравствените власти, станува збор за асиптоматски случај.

Преостанатите два случаи на зараза од вкупно 14-те во Куина се увезени инфекции со коронавирусот, наведуваат здравстените власти.
Додаваат дека нема нови жртви.

Вкупниот број на заразените во континентална Кина во саботата изнесуваше 82.901 лице, а вкупно од билеста починале 4.633 луѓе, според податоците на здравствените власти.

Треба да знаете
Последни објави