СДСМ во време на пандемија склучуваат матни тендери, а граѓаните немаат ни за леб

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

За три години откако СДСМ е на власт Македонија доби хибриден режим, три години неспособност, криминал и сиромаштија. Македонија поради неодговорноста на власта на СДСМ и Заев уште пред почетокот на кризата создаде буџетска дупка од 120 милиони евра со што секое семејство во Македонија го задолжи со 250 евра нов долг. Таа дупка, поради ненавремените и лоши мерки се проценува дека ќе порасне до крајот на година на речиси 1 милијарда и 300 милиони евра.

Додека СДСМ си тера предизборен маркетинг секој ден граѓани заболуваат и умираат од корона вирусот.

Епидемијата за жал ја користат и за догазување на достоинството на граѓаните или за некој нов матен тендер.

Розовите очила во СДСМ ќе ги донесат до изборен пораз кој што ќе им биде неминовен, кога и да се одржат изборите.

 

 

Треба да знаете
Последни објави