Jапонски авиокомпании дозволија стјуардесите да не носат високи потпетици

Најголемите авиокомпании во Јапонија, „Ол Нипон ервејс” (АНА) и „Џапан ерлајнс” (ЈАЛ) го укинаа правилото за кодекс на облекување со кое се бараше од стјуардесите на летот да носат чевли со високи потпетици.

„Одлучивме да создадеме соодветно работно опкружување за нашите вработени”, рече висок извор од АНА. Јапонските медиуми информираат дека укинатото барање ја намалува висината на стјуардесите за три до пет сантиметри. Сега јапонските авиокомпании само ќе ги охрабрат своите сјуардеси да носат чевли со повисоки пети, по сопствен избор. Истовремено, патиките и сандалите ќе останат забранети.

Промената на политиката во авиокомпаниите е поврзана со јапонското социјално движење #KuToo, чии членови се борат да се ослободат жените од барањето да носат чевли со високи потпетици додека работат. Името #KuToo на јапонски значи чевли (куцу) но и и агонија (куцу), а исто така, се однесува и на меѓународното движење #MeToo, кое се бори против сексуално насилство. Соодветната петиција на Change.org веќе ја потпишаа повеќе од 30 илјади луѓе.

Јапонија останува исклучително конзервативна земја во однос на условите за работа. Повеќето локални компании бараат нивните вработени да доаѓаат на работа само во формални деловни костуми и да се обраќаат едни со други само по име. Внатрешните правила ја регулираат не само должината на косата, туку и ноктите на вработените, а работниот ден може да трае до доцна навечер.

Треба да знаете
Последни објави