Соопштение до јавноста-реакција на соопштението на СДСМ
„Очајот во СДСМ е се поочигледен. По обелоденувањето на вистината дека Заев е вмешан во случајот „Рекет“, сега очајно се обидува сите нивни неуспеси и криминали да ги прикријат.
Пласирање на лажни вести нема да им помогне на СДСМ.
Најдобро е Зоран Заев да излезе и да ја каже целата вистина.
А, ВМРО-ДПМНЕ не може да помогне во тоа што Заев се дрзнал да го пцуе и навредува народот.
ВМРО-ДПМНЕ не е виновно што Зоран Заев контролирал студентското движење, и што говори за шарените, но добро е и да знаат Албанците што мисли тој за Али Ахмети.
СДСМ одговорност нека бараат од Зоран Заев.
А, за сите навреди и криминали ќе го стаса Зоран Заев казна и тоа од народот.