Соопштение до јавноста- реакција на изјавата на Зоран Заев
„Нема повеќе маски, цела Македонија го слушна вистинскиот Заев. Сите го знаеме оној човек кој со раката на срце и благ наклон на главаа во очи ги лаже граѓаните, но зад камерите тој го пцуе и дрско го навредува сопствениот народ.
Не постои политичар во светот кој пцуе сопствениот народ и е аболициран за тежок криминал.
Од бомбите јавноста слушна и како под целосна контрола на Заев и во негова служба е ставено рекетарското СЈО. Во една од снимките тој најавува што натака СЈО ќе прави и како жестоко ќе се справува со неговите политички противници.
Слушнавме и како Заев тргувал со нелегално прислушкуваните материјали раздавајќи ги по луѓе за да уценува политичари.
Македонската јавност доби потврда за едуцираната претпоставка дека граѓанските организации, и оние финансирани од СОРОС, како граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се под контрола на Зоран Заев.
Раката на срце и благиот наклон на главата веќе не помагаат, никој повеќе не му верува на Зоран Заев, не му веруваат на човекот кој ги пцуе и навредува, човек кој штом ја отвори устата лаже.
Доаѓа времето за вистинската вистина за Македонија и за ликот и делото на Зоран Заев, а веруваме дека јавноста допрва ќе се шокира од тоа за каков човек станува збор.