Џастин Гејџи ја оствари најимпресивната победа во кариерата, со што стави крај на рекордната серија од 12 победи на Тони Фергусон во лесна категорија и заслужено ја крена привремената титула.
Во главната борба на УФЦ 249 заради пандемијата на коронавирусот одржан без гледачи во Џексонвил, Флорида, тој го победи Тони Фергусон со технички нокаут во 5-тата рунда и ја прекина неговата низа од12-победи.
Гејџи веќе е прв во ред за борба со шампионот Хабиб Нурмагомедов, откако доминираше во главниот настан на долгоочекуваната гала вечер УФЦ 249. Тони Фергусон од многумина сметаше дека е човекот кој ќе стави крај на владеењето на Хабиб, но изненадувачки или не, тој беше целосно поразен од моќните тупаници и комбинации на Гејџи.
Гејџи веќе има 22 победи и само 2 порази во ММА (5-2 УФЦ), додека Фергусон за прв пат загуби по 8 години и веќе има статистика 25-4 ММА, 15-2 УФЦ.
Френсис Нгану (15-3, 10-2 УФЦ) ја запре победничката низа на Жаирзињо Розенструик (10-1, 4-1 УФЦ).
Во меч кој ќе го даде најверојатниот следениот предизвикувач за титулата во тешка категорија, Камерунецот го нокаутира Суринамецот за само 19 секунди.