Интегрален текст од прес конференција на Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
„Го видовме вистинското лице на Зоран Заев. Кога е пред камери, е со раката на срце, а кога е зад камери го пцуе и дрско го навредува сопствениот народ. Пцуењето на Зоран Заев кон народот е тешка навреда за секој еден граѓанин, било тоа да е член на СДСМ или на ВМРО, или да не е член на ниту една партија. Нема друг таков политичар во светот кој го пцуе сопствениот народ и кој е аболиран за криминал.
Исто така, Заев јавно признава дека СЈО предводена од рекетарската и криминогена дружина од на Катица Јанева е целосно под негова контрола. Тој самиот кажува дека управува со оваа компромитирана институција за рекет со зборовите „СЈО ќе превземе драстични чекори“!
Воедно, Зоран Заев призна дека прислушуваните материјали ги давале надвор од партијата со цел да уценуваат политички лидери, но воедно дознаа и шарените, но и целата јавност дека и, цитирам, „Граѓанските организации, тоа што е финансирано од СОРОС, граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се се полни со луѓе од СДСМ“.
Бараме јавно извинување од Зоран Заев за тешките навреди и пцости кон народот.
Овој човек не е достоинствен и не заслужува да се занимава со политика. Оставката е единственото нешто што му преостанува во услови кога е потопен со криминал и коруцпија.
Заев го пцуе народот, открива дека контролира граѓански организации и студентски движења, дека го контролира компромитираното и рекетарско СЈО и дека уценува политичари со прислушкувани разговори.
Заев од Македонија направи хибриден режим и сака да направи криминален пашалук. Секој еден граѓанин ќе ги запамети зборовите кои ги слушна од Заев и како тој лицемер ги пцуе и навредува граѓаните.
Прашање: Ако за два дена излегоа во јавноста аудио бомби за лидерите прво за опозицијата потоа на власта, очекувате ли валкана изборна кампања во која токму вакви аудио бомби ќе имаат главен збор наместо програмите?
Одговор: ВМРО-ДПМНЕ има програма и за ВМРО-ДПМНЕ приоритет е обновата на државата. Секако дека на претстојните избори кога и да се случат ќе има квалитетна понуда во однос на граѓаните. Во однос на бомбите, ако ова што имавме прилика да го слушнеме е само почеток што се Заев има направено или кажано тогаш и те како има сериозна причина за загриженост кај Заев и СДСМ.