Реал чека одговор од Арсенал за Обамејанг до 15 јуни

Реал Мадрид постави краен рок за одлука за напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

Според британските медиуми, клубот од Мадрид сака лондончаните да донесат одлука пред 15 јуни за евентуален трансфер на 30-годишниот фудбалер од Габон. Обамејанг има уште една година од договорот со „топџиите”.

Во сезоната 2019/20, Обамејанг има 20 голови и една асистенција на 32 натпревари за Арсенал. Порталот Transfermarkt.com ја проценува цената на напаѓачот на 50,4 милиони фунти.

Треба да знаете
Последни објави