На 09.05.2020 околу 07,20 часот на автопатот Тетово-Скопје во близина на мост на река Вардар товарно моторно возило„форд ренџер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(25) од Тетово излетало од патот и удрило во метална ограда.
По незгодата возачот И.Б. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде поради сериозноста на повредите истиот им подлегнал.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.