Трамп: Ќе купиме домашно млеко и месо за 3 милијарди долари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека од следната недела државата ќе почне да купува млеко, месо и други производи од домашните земјоделци за 3 милијарди долари, бидејќи расте невработеноста.

„На почетокот на следната недела, САД, по моја нарачка, ќе купат млеко, месо и други производи во вредност од три милијарди долари од нашите земјоделци, ранчери и други одгледувачи“, објави Трамп.

Не е јасно дали неговата објава се однесува на планираниот пакет помош од 19 милијарди американски долари, објавен од Министерството за земјоделство во април. Тогаш беше објавено дека Министерството ќе купува земјоделски производи во вредност од три милијарди евра како дел од програмата.

20,5 милиони луѓе ги загубија своите работни места во април, а стапката на невработеност се искачи на 14,7 проценти, покажаа владините податоци во петокот.

Банките за храна остануваат без залихи, а гладот ​​расте.

Пандемијата на коронавирус ги наруши ланците за снабдување со храна, а земјоделците беа принудени да ги уништат своите производи. Дел од нив, ги еутанизираа свињите.

Треба да знаете
Последни објави