Бројот на корисници на јавниот превоз во Лондон ќе се намали за 85 отсто

Возењето со јавен превоз во Лондон ќе изгледа многу поинаку отколку пред епидемијата, кога луѓето ќе се вратат на работа, затоа што бројот на корисници ќе се намали за 85 проценти.

Властите посочуваат дека поради мерката за почитување на физичката дистанца, градскиот превоз во Лондон ќе можат да го користат од 13 до 15 проценти од вкупниот број патници во нормални услови.

Корисниците на јавниот превоз во Лондон ќе бидат за 85 проценти помалку дури и кога сите возила се во оптек, а тоа се однесува и на метрото и автобусите, јавуваат британските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави