Најголем дел од реките во земјава се со намален водостој во однос на просекот за мај, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Двојно е намалено нивото на реката Струмица кај Ново Село, а скоро двојно на реката Лепенец. Под просекот се и водостоите на Вардар, Треска, Пчиња, Крива Река, Црн Дрим и Сатеска. Единствено зголемување од шест сантиметри се бележи кај реката Бабуна кај Богомила. Кај трите природни езера, нивоата се над просекот за мај, но најголемо отстапување има кај Дојранското Езеро кое е скоро три сантиметри над просекот.