Во Косово уапсени дваја кондовци од бандата на Красниќи, осудени на вкупно 71 година затвор

Од страна на косовското министерството за внатрешни работи во текот на минатата недела од слобода се лишени лицата Красничи Бесим и Точи Фадил кои се барани по потерница издадена од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за извршени тешки кривични дела.

-Акцијата за приведување на двете лица е реализиранa во непосредба соработка и комуникација помеѓу ИНТЕРПОЛ во Приштина и полициските службеници од Министерството за внатрешни работи во нашата земја. Согласно информациите со кои располагам понатамошната постапка за екстрадиција ја координира Министерството за правда.Министерството за внатрешни и работи и понатаму ги презема мерки и активности за целосно и неселективно спроведување на законот, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Точи и Красниќи сe дел од криминалната група на Агим Красниќи. Точи бил  уапсен заедно со Агим во 2009 година. Осуден за повеќе кривични дела, како што се тероризам, убиство во обид, напад врз полицајци, тешка кражба, разбојништво , изнуда, фалсификување и други дела. По Наредби издадени од Основен суд Скопје 1 за издржување на вкупна казна од 41 години и 7 месеци.

Красничи Бесим се бара за извршени кривични дела по член „288“, „292“, „235“,„237“,„386“, „326“, и„313“,од КЗ на РМ по Наредби издадени од Основен суд Скопје 1 за издржување на вкупна казна од 28 години и 6 месеци.

Треба да знаете
Последни објави