Само неколку денови траеше одлуката на Владата која предвидуваше во рестораните и кафулињата во Словенија да можат да седат само членови на исто домаќинство, односно луѓе кои живеат заедно, јави дописникот на МИА од Љубљана. Веднаш по отворањето на угостителските објекти се виде дека е речиси невозможно ваквото правило да функционира во пракса, па затоа брзо беше сменето.
Сепак, во земјата во која има минимален нов број на заразени со коронавирусот, рестораните и кафулињата можат да работат само доколку имаат отворен дел или тераса, а гостите можат седат исклучиво во тие делови.
Речиси сите угостители согласно препораките на словенечкиот Национален институт за јавно здравје, направија нов распоред на масите, кои сега се раздалечени два метра. Тие се жалат дека и понатаму не работат рентабилно, бидејќи при секој дожд нивните објекти практично мораат да се затворат.