Дилан Пен и мајка ѝ Робин Рајт уживаат во заеднички моменти на плажа

Дилан Пен го помина Денот на мајката впивајќи го калифорниското сонце на плажа во Малибу, Калифорнија, со својата мајка актерка Робин Рајт.

Манекенката (29), ќерка на Шoн Пен и Робин Рајт, во неделата се релаксираше на песокот со мајка ѝ Робин (54) – ѕвездата на „Куќа од карти“.

 

Робин, која беше меѓу најплатените актерки во светот во екот на популарната серија „Куќа од карти“ (House Of Cards), се смешка додека разговара со ќерката облечена во кратки тексас-шорцеви и бела кошула со сини пруги.

Двете добија малку време сами пред да им се придружи сопругот на Робин, Клеман Жироде (35) и неколку пријатели.

Французинот Клеман Жироде, со кого Робин тајно се венча пред две години, работи како менаџер за ВИП гости на модната куќа Ив Сен Лоран.

 

Денот на мајката или Mother’s Day – посветен на мајките, мајчинството и улогата на мајката во оштеството – се слави на различни датуми ширум светот, најчесто во март или мај, во повеќето земји на 10 мај.

Треба да знаете
Последни објави