Лажните вести на СДСМ не минуваат, само граѓаните знаат како го минуваат месецот

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференција на Коста Петров

 

Додека власта и СДСМ се фали со успешноста на своите мерки, граѓаните не знаат како ќе го поминат месецот, стопанствениците мака мачат со зголемените давачки кон државата. Македонија се соочува со најголемата економска криза од осамостојувањето до денес, криза предзивикана од светската пандемија.

Првичните анкети велат дека над 100 илјади наши сограѓани добиле отказ или привремен отказ и останале без приход, Владата на СДСМ наместо да се погрижи за граѓаните троши илјадници евра на непродуктивни трошоци на скапи јадења и службени патувања.

Додека Заев ги брои милионите од криминалните тендери, грантови и рекетот, народот очајува.

Лажните вести за успешноста на политиките на СДСМ не минуваат, бидејќи само граѓаните знаат како го преживуваат месецот.

Народот ќе го казни човекот кој го пцуе и навредува, народот ќе го казни Заев и СДСМ за криминалот и корупција, за тоа што ветуваа брда и долини, а заборавија на него кога му беше најтешко.

Треба да знаете
Последни објави