Компанијата „Макпетрол” реагира на измените на Правилникот за формирање на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати особено на делот што се однесува на густините на дериватите.
Од компанијата велат дека ваквите измени предизвикуваат сериозни штети врз работењето на компанијата и доколку не се пристапи кон измени на Правилникот, ќе бидат принудени да преземат сериозни мерки кои, како што се наведува, ќе резултираат со нарушување на стабилноста на нафтениот пазар во земјава.
– Имено, со примена на новите густини за нафтените деривати и горива за транспорт, признаените набавни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од страна на РКЕ се пониски од реално набавните цени за трговците, што предизвикува значителни загуби во работењето. Нејасно од кои причини и врз основа на кои податоци и извори, РКЕ, од донесувањето на споменатиот Правилник во мај 2019 година, досега трипати ги менуваше густините на нафтените деривати и горивата за транспорт, велат од Макетрол, додавајќи дека мнофупати досега на членовите на РКЕ им биле презентирани релевантни документи, меѓу кои и Правилникот за квалитет на течните горива.
Од „Макпетрол” остануваат на ставот дека пазарот на нафтени деривати треба да се либерализира.