Скот Вајт се разбудил рано наутро во неговиот дом откако слушнал дека неговиот мачор Џои преде, мјаука и скока низ собата со намера да го предупреди за нешто.
Џои дури скокнал на градите на Скот за да го разбуди, а кога Скот сфати дека нешто не е во ред, тој брзо станал и се упатил кон кујната.
Кога влегол во кујната, просторијата веќе била исполнета со чад. Неговиот лонец за бавно готвење, кој го ставил на шпоретот пред неколку часа, се запалил.
„Отидовме во кревет околу полноќ и тогаш сè беше во ред“, рече Скот за „Си-би-си“.
Скот го тргнал садот од шпоретот на време за да спречи катастрофа. Потоа, се вратил во креветот знаејќи дека мачорот веројатно ги спасил нивните животи.
Џои не е единствениот миленик во куќата. Кученцето, за кое мислеле дека е чувар на куќата, спиел мирно во нивниот кревет за време на инцидентот.
„Се покажа дека вистинскиот херој е нашиот мачор“, заклучи Скот.