Откако ги олабави рестриктивните мерки за викендот, Меркел се појави во салата на нејзината канцеларија во Берлин и го даде најкраткото обраќање во кое таа ја истакна важноста за почитување на заштитните мерки.
„За мене е многу важно да го истакнам повторно фактот дека влегуваме во нова фаза на пандемијата и дека сега ќе биде неопходно, покрај релаксирачките мерки, да се осигураме дека луѓето ги почитуваат основните правила, а тоа се: одржување на растојание, носење заштита на уста и нос, социјална дистанца. Тоа е многу важно. Многу ви благодарам “, рече германската канцеларка и замина.