Приведени 22 лица за време на полицискиот час, на 41 лице им се издадени решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (10/11.05.2020 година ) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата  држава 29 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се  22 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие  на на 41 лице им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

 

 

Треба да знаете
Последни објави