Велика Британија ги отвора тениските и голф терените

Британската влада објави дека тениските и голф терените ќе бидат отворени во Англија од среда, но не за спортисти и натпревари, туку луѓето на нив ќе можат да играат само со членовите на своето семејство.

Спортски сали и базени остануваат затворени, но пливањето од среда ќе биде дозволено во море и во езерата.Шкотска, Велс и Северна Ирска мораат сами да одлучат дали ќе ги отворат тениски и голф-терените, а нивните влади веќе објавија дека имаат намера да ги задржат строгите мерки уште некое време.

Британскиот премиер Борис Џонсон не посочи кога професионалните спортисти би можеле да се вратат на терените, па засега нема ништо од продолжението на фудбалската Премиер лига.

Треба да знаете
Последни објави