Венецуелската армија уапси уште осуммина платеници, кои ноќеска повторно упаднале во земјата, соопштија денеска венецуелските вооружени сили.
Вооружените сили на Твитер напишаа дека маринците вчеравечер лоцирале и уапсиле осуммина платеници, јави Тасс, додавајќи дека властите објавиле дека вкупно 45 лица биле уапсени заради минатонеделната инвазија на венецуелската територија.
Венецуелските власти на 3 мај објавија дека успешно го спречиле обидот за влез во земјата од страна на група колумбиски платеници, кои планирале државен удар во Венецуела и атентат врз претседателот Николас Мадуро, а меѓу нив имало и двајца американски државјани.
Американскиот претседател Доналд Трамп негираше дека неговата влада има никаква врска со настаните во Венецуела.